Одделение за хигиена со здравствена екологија

АКТИВНОСТИ:

Следење и проучување на исхраната и ухранетоста на населението

Со цел превенција на болестите поврзани со небезбедна храна во ЦЈЗ-Скопје се врши лабораториска контрола на храната и чистотата на објектите во кои се приготвува храна за предучилишни и училишни установи, ученички, студентски домови и болници.

За таа цел врз основа на Националната програма за јавно здравје во РМ, по барање или договор од страна на нарачател/клиент кој се занимава со приготвување храна за колективни центри, се вршат:

– стручни увиди во објектите во кои се приготвува храната;

– земање брисеви од опремата, орадијата за работа и садовите, работните површини и се друго што во процесот на подготовка доаѓа во допир со храната, за микрбиолошка анализа на истите;

– земање примероци храна за лабораториска анализа (микробиолошка и хемиска);

Врз основа на добиените резултати се изготвува извештај со анализа и проценка на здравствениот ризик на безбедноста на храната и предметите кои се во допир со храната и истиот се доставува до нарачателот.

Освен контрола на безбедноста на храната се врши и контрола на квалитетот т.е. биолошката вредност на исхраната која се подготвува во предучилишните, училишните установи, студентски и ученички домови на територијата која ја покрива ЦЈЗ-Скопје.

Со цел да се определи просечниот внес на хранливи материи кој овозможува одржување на здравје кај овие популациони групи, се анализираат целодневни оброци приготвени во овие институции.

Се испитува енергетската вредност на храната, застапеноста на белковини, масти и јаглени хидрати, како и витамини и минерали во составот на приготвените оброци.

Врз основа на добиените резултати и споредено со препорачаните стандарди за секоја популациона група се изготвува анализа и проценка за квалитетот на храната и евентуалните неправилности на истата.

Следење на нуритивниот статус кај предучилишни и училишни деца во функција на рана детекција на прекурсори на можни здравствени ризици за појава на хронични незаразни заболувања

На определен репрезентативен примерок деца на регионот што го покрива ЦЈЗ-Скопје се вршат антропометриски испитувања согласно методологијата доставена од ИЈЗ и според препорачаните стандарди за раст и развој (СЗО 2006, СЗО 2007), се проценува нутритивниот статус на секое дете поединечно и популационата група заедно.

За таа цел на репрезентативен примерок деца на возраст од 4 до 5 год., прво одд., петто одд и прва година средно училиште се мери телесна висина, телесна тежина, обем на надлактица, обем на струк и обем на колк.

Добиените податоци се обработуваат софтверски со методологија според препораките на СЗО.

Врз основа на добиените податоци се проценува нутритивниот статус на секое дете пединечно и популационата група заедно.

Здравствен надзор над лица

Секое лице кое работи во производство и промет со храна, во предучилишни,училишни и здравствени организации,како и лица кои работат во производство и промет налекови,медицински потрошен материјал,помошни лековити средства и козметички препарати потребно е да има извршено санитарно-здавствен преглед. Целта на овој преглед е да се утврди дали лицето е заболено од некое заразно заболување или можеби е бацилоносител. Со овој преглед се врши микробиолошки преглед на брис од нос, грло и копрокултура или само брис од нос и грло.

Начинот, видот и динамиката на овие прегледи е законски регулиран со Правилникот за начинот на вршење на санитарно-здравствени прегледи.

Санитарно – хигиенска дејност

Врз основа на домашната легислатива, меѓународните трендови, акти и стратегии Центарот за јавно здравје – Скопје ја спроведува преку:

1. Процена на здравствено-еколошкиот ризик во врска со квалитетот на водите и водоснабдувањето како и воспоставување на здравствена евиденција на водоснабдувањето

следење, спроведување и предлагање мерки за снабдување на населението со здравствено исправна вода за пиење;
санитарен надзор над објектите за водоснабдување, над извориштат и нивната околина;
следење на здравствената исправност на водата за пиење со бактериолошки и физичко-хемиски анализи, во обем за основна анализа, периодична, за нови зафати и по хигиено-епидемиолошки индикации;
следење на хигиенскиот квалитет на површинските и отпадни води од здравствено- колошки аспект;

2. Процена на здравствено-еколошкиот ризик на водите за капење и рекреација кај отворените и затворени базени преку санитарно-хигиенски надзор со бактериолошки и физичко-хемиски анализи на водата

1. 3.Процена на здравствено-еколошкиот ризик од квалитетот на површинските и отпадните води од здравствен аспект со бактериолошки и физичко-хемиски анализи

1. 4.Процена на здравствено-еколошкиот ризик на хигиенскиот квалитет на воздухот преку мониторинг и испитување на загадувачки материи, предлагање мерки за заштита на воздухот од загадување и следење на влијанието на загадениот воздух врз здравјето на луѓето преку обработка на морбидитетот на респираторни заболувања кај предучилишни и училишни деца

1. 5.Процена на здравствено-еколошкиот ризик на штетната бучава во животната средина преку мерење на нивото на комуналната бучава и процена на негативните ефекти од бучава кај изложената популација преку стандардизирани прашалници кај репрезентативен примерок

Следење на здравствената исправност на прехранбените производи со бактериолошка анализа и со основна санитарно-хемиска анализа

Контрола на храната претставува задолжителна активност зајакната од националните власти со цел обезбедување на заштита на потрошувачите и обебедување на севкупната храна во производството, ракувањето со неа, чувањето, процесирањето и дистрибуцијата со цел да се обезбеди исатата да е сигурна,здрава и соодветствува на човековата исхрана: дека одговара на стандардите за квалитет и безбедност и точно и вистински е означена според важечките закони.

ЦЈЗ-Скопје со својата дејност припаѓа на системот за контрола на безбедноста на храната во РМ.

Поточно во лабораториите за храна во ЦЈЗ-Скопје, се вршат испитувања на безбедноста на производите и се дава стручно мислење за безбедност на храната за човечка употреба.

Врз основа на лабораториските наоди инспекциските служби понатаму постапуваат, односно дозволуваат увоз и промет на храна доколку истата е безбедна за човекот и не постои ризик од нејзина употреба.

За да се изврши правилна оценка на квалитетот и безбедноста на еден производ, пред се, потребно е правилно да се земе примерок од прехранбениот производ, за микробиолошка и хемиска анализа и истите да се транспортираат соодветно до лабораториите. Мострирањето на прехранбени продукти, вода за пиење, минерални, подземни и површински води се врши на лице место од страна на нашите стручни екипи кои потоа на соодветен, компетентен начин ги дистрибуираат земените примероци од храна и вода до лабораториите во ЦЈЗ Скопје, согласно интернационалните стандарди.

Микробиолошкиот преглед, согласно националното законодавство за микробиолошка безбедност на храната опфаќа преглед на:

Салмонелла, коагулаза позитивни стафилококи, сулфиторедукувачки клостридии, Есхерихија цолли, вкупен број живи бактерии, квасци и мувли, во зависност од групата на прехранбени производи.

Хемискиот преглед се врши со цел да се утврди хемискиот состав/квалитетот на храната и присуство на одредени адитиви или други контаминенти во храната (тешки метали, пестициде и микотоксини).

Хемискиот состав на прехранбените производи е регулиран со подзаконски акти (правилници) за секоја група на прехранбени производи во кои се пропишани нормите за квалитет. Секој производ треба да одговара на стандардите пропишани во овие правилници или на меѓународните стандарди.

Во состав на Одделението за хигиена со здравствена екологија влегуваат хемиските лаборатории кои се поделени во зависност од областа на испитување во два отсеци:

– Отсек за санитарна хемија каде се испитува: здравствената безбедност, квалитетот и адитивите на храната; контаминенти на храна од типот: тешки метали, пестициди и миктотоксини; водата за пиење, како и вода од базените за рекреација; предметите за општа употреба.

– Отсек за екотоксикологија каде се испитува: квалитетот на воздухот на подрачјето на град Скопје, површинските води од реки, природни и вештачки езера во околината на градот, отпадните води од разни индустрии,

– Лаборатории за хемиски анализи во Одделение за хигиена:

Лабораторија за здравствена безбедност, квалитет и адитиви на храна
Лабораторија за предмети за општа употреба
Лабораторија за вода за пиење и површински води за рекреација – базени
Лабораторија за аерозагадување
Лабораторија за отпадни и површински води од реки и езера
Лабораторија за пестидици
Лабораторија за микотоксини
Лабораторија за тешки метали

Лабораториите за микробиолошко и хемиско тестирање храна и вода се сертифицирани и акредитирани по интернационали стандарди: ИСО 9001/2008 (втора ресертификација реализирана во 2010 год) и акредитирани согласно барањата на стандардот ИСО 17025/2006 за докажување на компетентноста на лабораториите за тестирање (од 2010 год.).