Служба за административно правни и економски работи
Службата ја сочинуваат Отсекот за административно правни работи и Отсекот за економски работи. Таа ги извршува правните, економско- финансиските и техничките работи, со што го овозможува функционирањето на Центарот во правна економска и техничка смисла.
Отсекот за административно – правни работи се грижи за почитување и спроведување на правната регулатива, ги извршува кадровските работи, ги изготвува актите на Центарот и врши контрола во нивното спроведување. Изготвува и склучува на договори, спогодби,го организира и спроведува канцелариското работење, архивирање на акти , и се грижи за исправноста на одлуките и работата на Центарот.
Отсекот за економски работи ги опфаќа оние работи кои се однесуваат на финасискиот сегмент.Се грижи за правилна примена на законските прописи од областа на сметководството, врши материјално и финасиско книговодство, книговодствената евиденција, изготвува периодични и завршни пресметки,финансов план .
Техничките работи на оваа служба се однесуваат на се она што подразбира обезбедување хигиенско – технички услови како одржување и обезбедување на просториите и околината на Центарот.